Жоел Болобој/EPA/ANDREJ CUKIC

ВИДЕО | Драма во Белград: Звезда промаши три шута за победа и загуби од Макаби

Вечерва заврши победничката низа на Црвена ѕвезда во Евролигата. По пет последователни триумфи, „црвено-белите“ во жешка атмосфера во Белград го пречекаа Макаби Тел Авив, но израелскиот состав покажа цврстина кога беше најпотребно и од белградскиот „пекол“ си замина со минимална победа од 82-83.

Иако домаќините по одличната трета четвртина успеаја да го преземат водството, во последниот период целосно застанаа, па натпреварот влезе во драматична и неизвесна завршница. Во самите финишни секунди, „црвено-белите“ промашија три шута за победа, по што бодовите заминаа во рацете на гостите.

Возбудувања имаше и во Франција, каде Асвел задоцни се разбуди во финишот, но во тесна завршница беше поразен од Милано со 76-77. Најубедлив настап  имаше Олимпијакос, кој пред својата публика го разби Виртус Болоња со убедливи 109-77.

Во првиот натпревар од денешната програма во европската кошаркарска елита, Анадолу Ефес забележа сигурна победа против Жалгирис од 92-82. За турскиот тим ова беше втора победа по ред, односно осма во сезоната, додека литванскиот претставник го запиша својот 12. пораз, со што направи чекор назад во борбата за плеј-ин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот