Фото: Screenshot

ВИДЕО: Дончиќ ќе се степаше во пријателскиот натпревар против Германија

На пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Германија кој се одигра вчерва во втората четвртина видовме тензична ситуација  кога дојде до вербален конфликт меѓу Лука Дончиќ и Исак Бонга.

По еден остар прекршок од страна на Бонга, Германецот реагираше бурно, што не му се допадна на Дончиќ. Словенечкиот ас веднаш возврати со остри зборови, подготвен да се соочи со противникот.

Сепак, инцидентот не прерасна во посериозна пресметка, благодарение на навремената реакција на судиите и останатите кошаркари, кои брзо ја смирија тензијата на паркетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот