ВИДЕО: Дончиќ го урна Сакраменто, па му испрати порака на Владе Дивац

Лука Дончиќ („Далас маверикс“)/фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Далас како гости го совлада Сакраменто со резултат 107:103 во НБА лигата, а натпреварот го одбележа потегот на Лука Дончиќ упатен кон легендарниот српски кошаркар Владе Дивац.

Словенецот си ја заврши работата на синоќешниот натпревар против Кингси, погоди две слободни фрлања за 107:103, а потоа реши да испрати интересна порака.

Дивац е поранешен генерален директор на Сакраменто Кингс. Имаше шанса да го избере Дончиќ на драфтот во 2018 година, но не го стори тоа.

Откако ги постигна клучните слободни фрлања против „кралевите“, Дончиќ се сврте кон легендарниот српски кошаркар и одејќи кон клупата извикувајќи: „Требаше да ме драфтува“.

Да потсетиме, на НБА драфтот за 2018 година, Дивац со вториот пик го избра Марвин Багли, кој е член на Вашингтон визардс и во просек бележи 13 поени по натпревар.

Дончиќ е еден од најдобрите кошаркари на денешницата. Тој синоќа постигна 26 поени, 12 асистенции и девет скока, а заедно со Никола Јокиќ е главен кандидат за МВП титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот