Горјан Славески/gogo_braveheart

ВИДЕО | Доминација на Славески: Брутално го нокаутираше противникот уште во првата рунда

Македонскиот борач Гого Славески стигна до седмиот триумф во БКФЦ (бокс со голи раце), совладувајќи го Џа Фар Форт со технички нокаут уште во првата рунда.

Славески ја отвори борбата жестоко, тргнувајќи во офанзива од самиот старт. Судијата беше принуден дури четири пати да ја прекине рундата пред конечно да процени дека Форт не е во состојба да продолжи, па победата заслужено припадна на македонскиот претставник.

Дуелот заврши по само една минута и 34 секунди, а Славески уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдоминантните борци во организацијата. Со овој успех, неговиот скор се искачи на седум победи и еден пораз, а зад себе го има и шампионскиот појас во ова натпреварување.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот