ВИДЕО | Не се рацете или стапалата на мажите: Докторка откри кој дел од телото укажува на големината на пенисот

Фото: Pexels/Deon Black

Сите знаеме што велат за мажите со големи раце и стапала.

Вообичаено се верува дека можете да донекаде да дознаете за големината на машкиот полов орган со тоа што ќе погледнете која големина чевли и ракавици носат мажите.

Меѓутоа, еден лекарка открила дека поинаков дел од телото, всушност, може да биде знак на добро обдарен маж.

Докторката Рена Малик откри кој дел од телото укажува на тоа дека мажот има голем пенис. Не станува збор за рацете или стапалата, како што многумина мислат.

Д-р Рена Малик, уролог и реконструктивен хирург во Калифорнија, изјави за „Дневникот на поткаст на извршниот директор“ дека машкиот нос можеби е подобар показател, пишува „Дејли мејл“.

– Постои едно јапонско истражување во кое беа вклучени само Јапонци, така што резултатите се донекаде ограничени. Тие ги измериле деловите на телото и должината на пенисот. Откриле дека должината на носот е во корелација со должината на пенисот, а не со должината на рацете или на стапалата – рекла д-р Малик.

Таа исто така тврди дека забележала дека сè поголем број нејзини пациенти почнуваат сериозно да се грижат за должината на нивниот полов орган. Многумина од нив, токму поради таа причина, купуваат апарат за зголемување на пенисот.

– Овие апарати постојат, но првенствено се наменети за мажи кои имаат Пејрониева болест – објаснила д-р Малик.

Пејрониевата болест е состојба во која фиброзното ткиво се формира во подлабоките ткива под кожата на пенисот, што предизвикува болна ерекција. Оваа болест, исто така, може да го направи машкиот полов орган пократок додека е во ерекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот