ВИДЕО | Доктор Горан предизвика бура на Инстаграм за сагата со Новак Ѓоковиќ

Фото: Инстаграм/EPA-EFE/PETER FOLEY

Главна спортска вест во светот е случајот со Новак Ѓоковиќ кој веќе четврти ден се наоѓа во хотел за мигранти во Мелбурн, а завршницата ќе биде вечерва точно на полноќ по средноевропско време кога ќе започне процесот пред федералниот суд во Мелбурн и истиот ќе може да се следи во живо.

Многу познати личности во светот и кај нас преку своите профили на социјалните мрежи се огласија и го споделија своето мислење во врска со сагата во Австралија.

Меѓу нив е и познатиот доктор и инфлуенсер, кој дел од личниот и професионалниот живот го споделува со своите следбеници на социјалните мрежи. Д-р Горан Трајковски или попознат само како доктор Горан, овој пат се осврна на една од „најжешките“ теми во моментот во светот – сагата со тенескиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ.

Доктор Горан со своите објави предизвика бура од реакции и коментари. Некои се согласуваат со него, други ги изнесуваат своите мислења и ставови околу целата ситуација…

„Мој став за темата Новак Џоковиќ.
Имаше бурни реакции вчера на темата па денес пробав да се информирам што се случило. Ова е тоа што успеав да разберам.

Fun fact: @_alexiskrueger_ беше пред 6 години депортирана од една држава поради некомплетна документација. Ѝ го одземаа пасошот и со полициска придружба ја качија на следниот авион за Германија. Никому ништо, и јас се вратив со неа…“, напиша д-р Горан покрај објавеното видео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)

Воден од дискусијата од претходното видео околу вакцинацијата и законите на секоја поединечна земја, доктор Горан објави уште едно видео, овој пат на тема ковид-19 и пандемија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот