Фото: Еуроњуз / Јутјуб / скриншот

ВИДЕО | Додик го прогласи Синиша Каран за победник на претседателските избори во РС

Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и довчерашен претседател на Република Српска, Милорад Додик, прогласи победа на кандидатот на оваа партија, Синиша Каран, на предвремените претседателски избори во босанскохерцеговскиот ентитет, јави Радио Слободна Европа.

На прес-конференција Додик рече дека Каран освоил 10.000 гласови повеќе отколу на гласањето во ноември.

По него, обраќање имаше и Каран, кој им се заблагодари на граѓаните за гласовите што ги добил.

„Сè што правиме, ќе правиме во интерес на напредокот на граѓаните, со благодарност на оние кои ни дадоа шанса“, рече Каран.

Во Република Српска денеска, 8 февруари, се прегласуваше на 136 гласачки места во 17 изборни единица откако по првичното гласање на изборите на 23 ноември 2025 година Централната изборна комисија на БиХ утврди неправилности.

Република Српска избра нова влада, премиер е повторно Саво Миниќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот