ВИДЕО: Додека пиел кафе на бензинска во Белград, смртно застрелан „Ранко Ескобар“

54-годишниот Ранко Радошевиќ познат по прекарот „Ранко Ескобар“, денеска бил убиен во кафуле на бензиска пумпа во Рушањ, на периферијата на Белград, од двајца маскирани напаѓачи, јавија српските медиуми, според кои станува збор за криминалец кој имал блиски врски со т.н. шкаљарски криминален клан.

Радошевиќ бил убиен пред 20-тина сведоци, а според првичните информации, убијците испукале пет куршуми погодувајќи го во телото, а потоа уште два куршуми во главата.

Тој и претходно ѝ бил познат на полицијата. Убиениот Радошевиќ наводно бил член на позната криминална група од Никшиќ, која се занимавала со трговија со наркотици.

„Ранко Ескобар“, според неофицијални информации, е сопственик на скап возен парк и се занимава со препродажба на возила.

Според српските медиуми, убиениот се занимавал и со шверц на кокаин и марихуана, а наводно бил и припадник на кланот „Бежанија“ на Горан Мијатовиќ.

По апсењето на групата на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, во нивниот возен парк бил пронајден автомобил „БМВ“, кој бил регистриран на име на Ранко Радошевиќ, а постои сомневање дека своето возило им го дал на водачите на озлогласениот клан.

Изворот на Нова рс. посочува дека Радошевиќ секој ден доаѓал во споменатото кафуле на бензиската пумпа каде денеска беше убиен.

Претпоставките се дека напаѓачите долго време ја следеле жртвата, бидејќи точно знаеле кога ќе бидат во кафулето. Двајцата напаѓачи од местото избегале со автомобил „Фолксваген“, кој подоцна е пронајден запален во белградската населба Петлово Брдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот