директор со кокаин фото: скриншот/видео

ВИДЕО | Директорот на најголемата болница во Република Српска е снимен како „дила“ дрога

Директорот на Клиничкиот центар во Бања Лука, Владо Ѓајиќ, кој е и висок функционер на партијата предводена од Милорад Додик, денеска беше разрешен од директорската позиција, како и од сите партиски должности, откако на социјалните мрежи се појави видео кое го поврзува со трговија со дрога, објави аваз.ба.

„Со оваа акција, Ѓајиќ се ослободи од сите функции“, напиша во објава на социјалната мрежа Х Додик, кој сега е претседател на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), партијата што ја предводи владејачката коалиција во Република Српска.

Покрај тоа што беше директор на Клиничкиот центар, Ѓајиќ досега беше раководител на градската организација на СНСД во Бања Лука, а воедно и претставник во парламентот на ентитетот.

На видеото што го сподели градоначалникот на Бањо Лука, Драшко Станивуковиќ, Ѓајиќ може да се види како разговара со помлад маж кој му става кеса со бел прав пред него. Потоа разговараат за тоа како понатаму да ја дистрибуираат стоката и споменуваат бројки од 30 и 40 илјади евра.

„Ненад Радинковиќ, осуден криминалец и убиец со директорот на најголемата здравствена установа во Република Српска, Владо Ѓајиќ! Очекуваме јасни и конкретни одговори од сите актери од видеото, како и од надлежните институции во најкраток можен рок“, рече Станивуковиќ, а Додик реагираше кратко потоа.

„Како и сите, утрово сум запознаен со видеото на кое Владо Ѓајиќ е во разговор и е присутен во ситуација поврзана со наркотици. Таквото однесување е апсолутно неприфатливо за мене како претседател на СНСД“, рече Додик.

Ѓајиќ, кој се сметаше за близок и особено доверлив соработник на Додик, рече дека снимката била „наместена“.

„Не сум виновен! Нудам секакви полиграфи, тестови за секакви дроги. Никогаш не сум видел кокаин или било каква дрога“, изјави Ѓајиќ за „Независне новине“.

Веднаш беше назначен новиот вршител на должноста директор на Клиничкиот центар, Никола Шобот, претходно раководител на Клиниката за радиологија.

Ѓајиќ рече дека воопшто не сака да биде директор или претседател на градскиот одбор на СНСД. „Бев принуден да го направам тоа, страдав. Направив најмногу што можеше да се направи. Ајде да продолжиме понатаму, се свртувам кон мојата работа“, тврдеше Ѓајиќ по смената.

ВИДЕО: Се појави снимка од директорот на Неврологија со кокаин, Алиу експресно го разреши

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот