ВИДЕО: Димитријевиќ продолжува со одличните партии во Еврокупот!

Фото: kfsm.mk

Кошаркарите на Хувентуд ќе мора да почекаат на заверката на пласманот во четвртфиналето на Еврокупот. По трите победи во првиот круг, вечерва се поразени на гостувањето во Монако.

Тимот од француското кнежевство славеше со резултат 97:82, па така по четири одиграни кола во групата „Е“ од ова натпреварување, двете екипи се на идентичен ефект (3-1), пред Нантер (1-2) и Уникаха (0-3).

Но, Монако е во предност бидејќи вечерва победи со повисока разлика во однос на поразот пред една седмица во Бадалона (72:79).

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра доста добар натпревар за шпанскиот тим истакнувајќи се како прв стрелец со 15 поени (1/1 за три, 3/7 за два и 6/7 за еден поен), дополни со четири скока, четири асистенции, исто толку загубени и една освоена топка за 26:34 минути игра на паркетот.

Во наредното коло, на 2. март, Хувентуд ја пречекува Уникаха во шпанската пресметка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот