Столе Димитриевсски/Stole Dimitrievski FB

ВИДЕО | Димитриевски одличен против Мајорка, не дозволи Валенсија да загуби

Фудбалерите на Валенсија ремизираа против Мајорка (1-1), а македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски блесна со дури осум успешни интервенции.

Домаќините поведоа во 49. минута, кога по одлично изработена акција Саму Коста остана осамен пред голот и ја искористи шансата, откако одбраната на Валенсија реагираше лошо.

Израмнувањето дојде во 67. минута преку Садик, по што Мајорка повторно притисна и создаде неколку опасни ситуации, но Димитриевски беше сигурен меѓу стативите и не дозволи нов погодок. По ова реми, Валенсија се наоѓа на 13. место со 36 бодови, додека Мајорка заостанува само еден поен.

Во вториот натпревар од терминот од 19 часот, Атлетик Билбао славеше минимална победа од 1-0 против Осасуна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valencia CF 🦇💯 (@valenciacf)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот