ВИДЕО: Џордан ангажираше засилување од 120 милиони долари!

фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Гордон Хејворд (30) е нов играч на Хорнетси, овој одличен шутер потпиша договор со клубот чиј сопственик е легендарниот поранешен НБА играч Мајкл Џордан.

Станува збор за соработка вредна 120 милиони долари и истата ќе трае четири години.

Поранешниот член на Јута Џез го напушти Бостон така што одби да ја активира последната година, односно самоиницијативно се откажа од 32,2 милиони долари колку што му следуваше.

Иако во летото 2017 година дојде како големо засилување во дресот на Селтикси, не успеа Хејворд да ја подигне екипата на повисоко ниво.

Следуваше тешка повреда уште на првиот меч за тој клуб, вкупно пропушти дури 142 натпревари, а за седум сезони за „џезерите“ отсуствуваше на само 42 средби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот