ВИДЕО: Џони Деп стана инстант хит во регионот откако опцу на чист српски јазик

youtube
принтскрин

Документарниот филм „Kreka: Dreamcatcher“ за српскиот сценограф Миљeн Кљаковиќ Крека е најавен на одличен начин, во кој ќе зборува и холивудската ѕвезда Џони Деп.

Филмот „Kreka: Dreamcatcher“ во режија на Слободан Иветиќ, ќе ја раскаже приказната на најпознатиот српски сценограф Миљен Кjаковиќ Крека, чија премиера е предвидено да се случи на 16 мај.

За Крека ќе зборуваат актерот Џони Деп, режисерот Бери Левинсон, продуцентот Мати Лешим и кинематограферот Виторио Стораро.

Но, најавата за документарниот филм предизвика бурни реакции во регионот, бидејќи Џони Деп прозборе на чист српски јазик.

Имено, додека актерот беше во друштво на Миљен Кjаковиќ Крека, тој одеднаш рече: „Је*и га! Хајде да се напијемо“.

Од видеото може да се забележи дека Крека и Деп се буквално блиски пријатели, но тоа не е воопшто невообичаено за Миљен затоа што тој работел со многу холивудски ѕвезди и добитници на Оскар во својата 40-годишна кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот