Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

ВИДЕО | Детроит пистонс и математички во НБА плејофот по триумфот над Голден Стејт

Кошаркарите на Детроит пистонс го совладаа Голден Стејт вориорс со 115:101 (21-26, 34-26, 30-23, 28-28) во натпревар одигран без неколку големи ѕвезди на двете страни. Пистонс дојдоа до победа и покрај скромниот шут за три поени, но направија разлика со агресивна одбрана и голем број изгубени топки од страна на противникот.

Тимот од Детроит ги принуди Вориорс да направат дури 26 грешки, од кои постигнаа 32 поени. Детроит го контролираше резултатот во поголемиот дел од натпреварот. Откако водеше со 57:50 на полувремето, домашниот тим дополнително ја зголеми својата предност во третата четвртина и влезе во последниот период со убедливо водство од 87:63, со што практично го реши прашањето за победникот.

Со оваа победа, Детроит математички обезбеди место во плејофот, што е прв пат од 2009 година да се квалификуваат во таа фаза од натпреварувањето во две последователни сезони. Ќе видиме само од која позиција ќе завршат, а има големи шанси тоа да биде од првото место, каде што се моментално.

Најефикасен играч во победничкиот тим беше Џејлен Дуран со 23 поени, а во редовите на Голден Стејт, кој играше без повредениот Стеф Кари, Брендин Подзиемски беше најефикасен со 15 поени. Со овој триумф, Пистонс ја продолжија добрата форма, забележувајќи ја шестата победа во последните седум натпревари, додека Вориорс ја продолжуваат серијата лоши резултати.

НБА лига, резултати:

Бруклин – Њујорк 92:93
Детроит – Голден Стејт 105:101
Хјустон – Атланта 117:95
Мемфис – Бостон 112:117
Минесота – Портланд 104:108
Денвер – Торонто 121:115

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот