ВИДЕО: Депај со прекрасен гол ја спаси Барса на „Сан Мамеш“

Каталонците само до бод на тешкиот терен во Баскија/Фото: EPA-EFE/Luis Tejido

Фудбалерите на Барселона ремизираа на гостински терен против Атлетик Билбао во натпреварот од второто коло во шпанската „Ла Лига“.

Билбао уште во првата минута имаше одлична шанса за погодок преку Инаки Вилијамс, но играчите на каталонскиот клуб во последен момент го блокираа неговиот обид. Барселона одговори шест минути подоцна, Депај одлично се проби по десната страна и го пронајде Брајтвајт кој не успеа да погоди празен гол од само неколку метри.

Домаќинот после тоа беше далеку подобар на теренот. Билбао повторно се закани во 11 минута кога Сансет шутираше фантастично, но пречката ја спаси Барселона.

Во 27. минута, Венседор имаше шанса, но топката отиде покрај голот на Нето. До крајот на првото полувреме има уште една можност за Вилијамс, кој се обиде да упати удар со глава по центаршутот, но ни овој пат немаше погодок.

Но, само по пет минути игра, Билбао поведе со 1:0. Во центарот на вниманието беше Иниго Мартинез, кој успеа да ја совлада Нето после прекин со глава за водство на својата екипа. Билбао можеше да го зголеми водството во 62 минута кога Вилијамс имаше уште една шанса, но Нето овој пат одбрани.

Барселона конечно се закани во 75 минута. Де Јонг итро се обиде да го лобува домашниот голман, но и тој ја погоди пречката. Веќе во следниот напад Барса израмнува на 1:1, Депај доби одлична долга топка и отково од левата страна на фантастичен начин ја затресе противничката мрежа. 10 минути подоцна, Холанѓанецот можеше да донесе целосен пресврт за Барселона.

Депај излезе сам пред домашниот голман, но овој пат шутираше покрај голот. До крајот на натпреварот резултатот не се промени, па остана 1:1. Се одиграа уште две средби, мируваа мрежите на дуелот Еспањол – Виљареал, а Гранада одигра нерешено (1:1) со Валенсија.

Тренерот Гарсија Плаза го „советува“ Трајковски да си замине од Мајорка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот