ВИДЕО: Денвер убедливо над Портланд, најефикасни Бартон и Јокиќ
Кошаркарите на Денвер убедливо го совладаа Портланд со 140:108 на домашен терен и го запишаа 21 триумф од почетокот на сезоната во НБА лигата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Нагетси до победата беа предводени од Вил Бартон со 21 поен, додека неговиот тимски колега Никола Јокиќ придонесе со 20 поени, осум скокови и седум асистенции.
Џеф Грин помогна со 19 реализирани коша, а Факундо Кампадо забележа еден поен помалку. Во 25 пораз на Трејлблејзерси сезонава најефикасен беше Бен Меклемор со 18 поени.
Играчите на Голден стејт загубија од Милвоки со 118:99 и сега имаат учинок 30-11. Помеѓу Вориорси доминираше Ендрју Вигинс со 16 поени, Стеф Кари имаше 12 поени и осум скокови, а Клеј Томпсон 11 коша.
Јанис Адетокумпо беше прв стрелец во редовите на Бакси со 30 поени, 12 поени и 11 асистенции, а Крис Мидлтон го следеше со 23 поени кој асистираше седумпати.
НБА лига, резултати –
Милвоки бакс – Голден Стејт вориорс 118:99
Мемфис гризлис – Минесота тимбервулвс 116:108
Њу Орлеанс пеликанс – Лос Анџелес клиперс 113:89
Бруклин нетс – Оклахома Сити тандер 109:130
Денвер нагетс – Портланд Трејл блејзерс 140:108


