ВИДЕО: Денвер и Јокиќ загубија на неверојатен начин, Лејкерси со пораз го испратија „Стејплс центарот“ во историја

Лејкерси играат катастрофално на стартот од сезоната во НБА/ фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Денвер нагетс е поразен на од Шарлот хорнетс со 107:115 иако во последната четвртина имаше предност од дури 19 поени. Но, кошаркарите на Шарлот, одлучувачката четвртина ја добија со неверојатни 38:13 и дојдоа до победата. Никола Јокиќ имаше дабл-дабл од 29 поени и 21 скок и му недостасуваше само еден скок за рекорд во кариерата.


ЛА Лејкерс со пораз од Сан Антонио го испрати славниот „Стејплс центар“ во историја. Во последниот наптревар на домашен терен со „Стејплс центарот“ пред арената да биде преименувана во „Крипто.ком“. Лејкеси загубија со 110:138.

Леброн Џејмс постигна 36 поени, а Расел Вестбрук дополни со 30 поени, но тоа не беше доволно да се избегне четвртиот пораз по ред.  Кај Сан Антонио блескаше резервистот Кеита Бејтс-Диоп даде 30 поени.


Најдобриот тројкаш во историјата на НБА, Стеф Кари во победата на неговиот Голден Стејт од 113:104 над Мемфис  постигна дури 46 поени. Одлучувачки момент за победата беше последната четвртина која „воините ја добија со 29:21. Со оваа победа, Голден стејт се израмни со Феникс на по бројот победи, и двата тима имаат по 26.


Резултати:
Индијана – Хјустон 118:106
Орландо – Њу Орлеанс 104:110
Филаделфија – Атланта 96:98
Мајами – Детроит 115:112
Њујорк – Вашингтон 117:124
Далас – Милвоки 95:102
Денвер – Шарлот 107:115
Феникс – Оклахома сити 113:101
Јута – Минесота 128:116
Голден Стејт – Мемфис 113:104

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот