ВИДЕО: Денвер без Јокиќ и Мареј го совлада Портланд, Бостон доминира на Истокот

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Во НБА лигата кошаркарите на Денвер ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Портланд славејќи со конечен резултат 114:111. За Нагетси во составот поради повреди отсуствуваа првите ѕвезди Никола Јокиќ и Џамал Мареј.

Прв стрелец во победничките редови беше Реџи Џексон со 23 поени (пет асистенции), а на спротивната страна доминираше Австралиецот Дуоп Рит со 24 поени и осум скокови.

На табелата во Западната конференција Денвер е второпласиран (50-21), додека Портланд е на претпоследната 14 позиција (19-52).

Екипата на Бостон доминира на Истокот каде дојде и до 57 победа сезонава, деветта во низа, откако со 124:113 триумфираше над Чикаго.

Кај Селтикси се истакна Џејсон Тејтум со 26 поени (шест асистенции), а за Булси ДеМар ДеРозан со 28 поени, шест скокови и девет асистенции.

Бостон го има најдобриот учинок во НБА (57-14) и моментно прво место во Источната конференција, а Чикаго е на деветтата позиција (34-37).

НБА лига, резултати:

Орландо – Сакраменто 107:109
Атланта – Шарлот 132:91
Чикаго – Бостон 113:124
Хјустон – Јута 147:119
Сан Антонио – Феникс 106:131
Вашингтон – Торонто 112:109
Портланд – Денвер 111:114

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот