ВИДЕО: Дејвис од МЗТ со најдобриот потег во плеј-офот на АБА2 лигата

Хуан Дејвис („МЗТ Скопје Аерором“) имаше одлично забивање на мечот со Сутјеска/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

МЗТ Скопје Аеродром по четири години се врати во АБА лигата, а тоа го направи на домашен терен пред своите навивачи на завршниот турнир откако го совлада Широки.

Денеска АБА лигата ги објави најдобрите пет потези од плеј-офот, а на првото место се наоѓа Хуан Дејвис од МЗТ.

Во Топ 5 листата се наоѓа уште еден играч на „металците“, станува збор за македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски.

Во изборот се и играчот на Широки, Јосип Билоновац, Немања Протиќ од Златибор и Џош Канингем од Борац.

Да додадеме уште дека играчите на Петровиќ во домашниот шампионат триумфираа над Феникс 2010 со 92:68 за останување на првото место на табелата, сега со две победи повеќе во однос на главниот конкурент за титулата, Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот