ВИДЕО: Дејвис не реализираше пенал за Канада, Белгија казни преку Батшуаји

Тибо Куртоа еден од најзаслужните за победата на Белгија/Доха, Катар/23 ноември 2022/фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Канада одигра одличен натпревар, но на крајот остана без бод, не успеа да реализира ниту пенал, а сето тоа го казни Батшуаји за триумф на Белгијците – 1:0 во вториот натпревар од првото коло во групата „Ф“ на Светското првенство во Катар.

Претходно во првиот меч од групата без голови (0:0) ремизираа репрезентациите на Мароко и Хрватска.

Трагичар во редовите на канадската селекција беше првотимецот на Баерн, Дејвис чиј удар од белата точка во минута го одбрани белгискиот голман Куртоа. Канаѓаните имаа многу добри шанси во понатамошниот период од средбата да го израмнат резултатот, но Хојлет, Џонстон, Ларин и Бјукенан беа неуспешни во своите обиди.

Најинтересните моменти од натпреварот можете да ги погледнете ТУКА

Стигна казната на спротивната страна преку Батшуаји кој беше заменрт за повредениот Лукаку. Центарфорот на Фенербахче ја прими топката по длабокото додавање на Алдервирелд, лесно се ослободи од Виториа, а потоа со силен удар од 12 метри го совлада немоќниот Борјан во таа ситуација – 1:0.

Канада не можеше да продолжи во ист ритам во вториот дел и повторно беше подобриот противник. Шпанскиот селектор на клупата на Белгија, Мартинез, направи одличен потег, кој на стартот од вториот дел ги испрати во игра Онана и Муние, со очигледна задача да ја неутрализираат играта на ривалот.

Канаѓаните чекаа нова прилика до 80 минута, кога Џонстон одлично нафрли од десната страна, Ларин упати удар со глава од 10 метри, но Куртоа мајсторски интервенираше.

Видео на денот