ВИДЕО: Дебитантот Антонели го засени Хамилтон на првото утро од тестирањата во Бахреин
Тинејџерот кој вози за тимот на Мерцедес во Формула 1, на утринската сесија од првиот ден на тестирањата во Бахреин потигна најдобро време од сите тимови
Денеска беше денот на Луис Хамилтон, неговиот прв ден со автомобилот на Ферари на официјалната тест сесија емитувана на ТВ во целиот свет.
Препорачано
А сепак, Андреа Кими Антонели (18), кој дебитира во Формула 1, а вози за Мерцедес, целосно го засени Британецот.
Testing ready. Forza Kimi! ? pic.twitter.com/jRbGFl5HQf
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) February 26, 2025
Антонели го постави најдоброто време во утринската сесија од првиот ден на тестовите, што всушнот беше рекорд. Тој постигна време од 1:31.428 минута, што е за 2,6 секунди подобро од времето на Џорџ Расел на истиот ден минатата година на истата патека, а што до денеска беше рекорд на таа патека.
2025 starts here ? pic.twitter.com/76r6WDSYB9
— Scuderia Ferrari HP (@ScuderiaFerrari) February 26, 2025
Кими Антонели е возачот што Мерцедес го донесе да го замени Хамилтон во тимот.
Сезоната во Формула 1 почнува на 16 март.
#F1TESTING DAY 1: MORNING SESSION ?
A strong start from 18-year-old Kimi Antonelli #F1 pic.twitter.com/wQZXCXLTO6
— Formula 1 (@F1) February 26, 2025


