ВИДЕО: Давид Бабунски со асистенција во победата на Мезоковешд во унгарскиот шампионат

Давид Бабунски (десно) во дресот на Мезоковешд/фото: Czendes Szonja/mezokovesdzsory.hu

Денеска во 12 коло од најсилното фудбалско првенство на Унгарија екипата на Мезоковешд со 2:1 на домашен терен го совлада Дебрецин.

Тоа е само треба победа (втора по ред) за Мезоковешд во шампионатот сезонава за моментно 10 место со 10 бодови.

Во четвртата минута поведоа домаќините со голот на Чеке, а во 10 минута Чери ја зголеми позитивата.

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски асистираше при вториот погодок во натпреварот против неговиот поранешен клуб.

Бабунски настапи до 82 минута, а од 81 домашниот тим играше со фудбалер помалку, но успеа до крајот на мечот да ја задржи предноста.

Асистенцијата на Давид Бабунски за 2:0 Мезоковешд против Дебрецин можете да ја погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот