ВИДЕО: Давид Бабунски асистираше за победа на Мезоковешд против Пушкаш Академија

Давид Бабунски (десно) во дресот на Мезоковешд/фото: Czendes Szonja/mezokovesdzsory.hu

Во изминатиот период Давид Бабунски го продолжи договорот со Мезоковешд кој денеска триумфираше со 1:0 против Пушкаш Академија во 17 коло од најсилното унгарско првенство.

Македонскиот фудбалер настапи од 74 минута како замена за Наѓи и тоа се покажа како одлично решение за домашниот тренер Кутор.

Само шест минути од неговото влегување во игра, Бабунски асистираше до српскиот интернационалец Дражиќ кој го постигна единствениот гол на натпреварот.

Овие бодови се важни за составот на Кутор во борбата за опстанок, моментно е на деветтото место со 19 бодови.

Во следното коло Мезоковешд на 5 февруари ќе му гостува на шестопласираниот Залаегерсег.

Петти гол на Бабунски за Дебрецин сезонава

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот