Давид Бабунски останува во Унгарија, одбиени понудите од Полска и италијанската Серија Б

фото: instagram.com/mezokovesdzsory

Давид Бабунски останува верен на Мезоковешд, македонскиот фудбалер официјално го продолжи договорот на две и ипол години.

Како што информираат од Мезоковешд, иако нашиот 28-годишен играч за врска во нападот имаше понуди од Полска и италијанската Серија Б, одлучи и натаму да ги брани боите на унгарскиот клуб.

Во есенскиот дел сезонава во тамошната најсилна лига Бабунски запиша осум настапи, а запиша и еден настап во Купот на Унгарија.

До сега 13 пати го носеше дресот на најдобрата македонска репрезентација, а на клупски беше дел и од Барселона Б, Црвена звезда, Јокохама Ф. Маринос, Омија Ардија, Ботошани, Вииторул Констанца и Дебрецен.

Моментно во најсилната унгарска лига Мезоковешд е на деветтата позиција со 16 бодови и се очекува до крајот на сезоната да води борба за опстанок во елитата. За Мезоковешд игра и 25-годишниот напаѓач Ремзифаик Селмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот