Петти гол на Бабунски за Дебрецин сезонава

Фото: dorianbabunski/Instagram

Македонскиот фудбалер Доријан Бабунски беше стрелец денес за Дебрецин во победата над Залагерсег од 3:0 во рамките од 17. коло во унгарскиот шампионат.

Дебрецин до водство стигна по само три минути игра со голот на Шчечи, а потоа Џуџак од пенал во 35. минута зголеми нас 2:0.

Бабунски беше стрелец на голот за 3:0 во 53. минута. На теренот македонскиот репрезентативец беше до 73. минута. Овој гол за македонскиот напаѓач беше петти сезонава.

Инаку, кога се македонските фудбалери во прашање денес голови постигнаа Енис Барди за Трабзонспор и Стефан Ристовски за Динамо Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот