ВИДЕО | Капитенот Ристовски стрелец во победата на Динамо Загреб

Динамо Загреб во рамките од 19. коло во ХНЛ славеше победа со 2:1, а стрелец на еден од двата гола за „модрите“ беше капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски.
По само осум минути игра се затресе мрежата на Локомотива, но тој гол на Батурина беше поништен поради офсајд. Меѓутоа немаше офсајд кога Ристовски се најде на вистонското место по едно нафрлување и погодена статива, ја смести топката во празната мрежа.
Dinamo 1-0 Lokomotiva (35′)
Ristovski takes the lead for the home side! pic.twitter.com/IHzEmhI3ZA
— Everything About HNL (@AboutHnl) January 28, 2023
До крајот на средбата и Батурина се запиша во листата на стрелци за 2:0 во 59. минута. Пивариќ беше стрелец за Локомотива. Во 82. минута Мишиќ од редовите на Динамо заработи црвен картон, но гостите тоа не го искористија.
Заедно со стрелецот Ристовски и Аријан Адеми ги одигра комплетните 90 минути.