ВИДЕО: Данило и Киеза за три бода на Јувентус во Емполи

фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Фудбалерите на Јувентус вечерва со 2:0 го победија тимот на Емполи во третото коло од Серија А.

Јувентус поведе во 24 минута со голот на Данило, а потоа во 39 минута Душан Влаховиќ пропушти шанса да ја зголемата предноста откако не беше прецизен од белата точка.

Победата на Јувентус ја потврди италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза во 82 минута.

„Старата дама“ ја забележа втората победа и е трета во генералниот пласман со седум бодови, исто толку колку и четвртопласираниот Лече, кој победи против Салернитана (2:0).

Емполи е последен на табелата во италијанскиот шампионат единствен без бодови.

ВИДЕО: Интер пресилен за Фиорентина, двоен стрелец Лаутаро Мартинез

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот