ВИДЕО | Дачиќ: 23 луѓе се приведени за напад врз полицајци
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, вечерва изјави дека 23 луѓе се приведени за напад врз полицајци, како и дека има повредени полицајци, објави Н1.рс.
Препорачано
По завршување на масовниот собир од стотици илјади граѓани во центарот на Белград што го организираа студентите од 18 до 20 часот, се случија инциденти во центарот на Белград, а според српските медиуми, полицијата се судрила со демонстрантите.
Како што изјави Дачиќ, помеѓу 20:20 и 20:30 часот на неколку места имало напад од екстремниот дел од демонстрантите врз полицијата.
Тој го покажа снимката и рече дека полицијата не нападнала никого.
Дачиќ ги осуди нападите врз полицајците, наведувајќи дека полицијата си ја вршела својата работа и била нападната со сите средства – пиротехнички средства, камења, шишиња, па дури и со капаци за шахти.
Според него, многу од напаѓачите – екстремисти – биле маскирани со шалови и со маици, а полицијата, рече тој, ги потиснала со минимална употреба на сила.
„Сите оние што ја нападнале полицијата ќе бидат идентификувани и гонети во согласност со законот. Јавниот ред и мир се воспоставени, а сообраќајот е дозволен во повеќето делови од градот. Моментно, на едно место, на аголот во близина на Правниот факултет, се собрани само неколку десетици“, додаде Дачиќ.
Privedene 3 osobe ispred Pravnog od ,,policije u civilu” sa fantomkama i kačketima pic.twitter.com/JcOoGDBj1s
— Luka Pesic (@LukaPes13010586) May 23, 2026


