ВИДЕО | Инциденти во центарот на Белград — полицијата се пресметува со демонстрантите, одекнуваат експлозии
На улицата „Кнез Милош“ во Белград речиси и да нема граѓани, но голем број полицајци сè уште се собрани таму по масовниот протест кој се одржа денеска од 18 до 20 часот на кој учествуваа повеќе од 100.000 граѓани. Има многу остатоци по улицата од калдрмата откорната од тротоарот. Топовски истрели сè уште повремено се слушаат, јавуваат српските медиуми.
Препорачано
Денешниот собир беше организиран од студентите под мотото „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“.
На раскрсницата во близина на срспкото Собрание дојде до конфликт меѓу демонстрантите и полицијата. Еден постар маж застана пред зградата „Лондон“ меѓу полицијата и толпата и ги повика да ги прекинат нападите. Полициските сили стануваа сè побројни, а постојано пристигнуваа нови возила.
Полицијата стапи во акција и ги потисна граѓаните и новинарите, а бројот на собрани луѓе почна да се намалува.
Група луѓе почнаа да фрлаат камења, стаклени шишиња и други предмети кон полицијата, по што таа постави кордон. Се слушнаа и неколку силни детонации слични на топовски истрели. Сè се случува во близина на зградата на Претседателството на Србија, спроти зградата на Народното собрание.
Постојано се слушаат топовски истрели и летаат стаклени и пластични шишиња.
Репортерот на Н1/рс. известува дека повеќето луѓе се обиделе мирно да се разотидат од „Славија“, но дека конфликтот го започнала една група која почнала да фрла предмети кон полицијата.
Полицијата формирала кордон и се движела кон демонстрантите собрани во близина на српскиот парламент, по што започнала интервенцијата со цел да ги потисне. Притоа, неколку млади мажи биле соборени, а толпата почнала да фрла факели кон полицијата.
Полициските сили ги туркале демонстрантите по улицата „Таковска“ во правец на поштата и зградата на РТС, а цело време одекнувале детонации од петарди и топовски истрели.
Припадници на српската полиција формираче кордон и се упатиле кон демонстрантите пред зградата на парламентот во Белград, по што полицијата почнала да ја потиснува толпата. За време на интервенцијата, неколку млади мажи биле соборени на земја, додека одекнувале петарди и топовски истрели, јавува Н1.
Српските медиуми објавија дека имало инцидент и во близина на Пионерскиот парк и пред зградата на Народното собрание кога група луѓе почнале да фрлаат експлозивни направи во паркот. Дури и пред тоа, експлозии се слушнле од долната страна на паркот.
Полицијата ги кренала штитовите и малку го поместила кордонот, додека детонации сè уште се слушаат од неколку локации во паркот.
Во пресрет на големиот протест во Белград, кабинетот на Вучиќ објави дека тој ќе биде во официјална посета на Кина од 24 до 28 мај.
Incidenti u Kralja Milana i dalje traju, zapaljene baklje, policiju gađaju raznim predmetima i pirotehnikom maskirana lica pic.twitter.com/I1MuMPRCYp
— kompas (@kompas_info_com) May 23, 2026


