ВИДЕО | Повеќе од 100.000 граѓани — денешниот протест во Белград е меѓу најголемите студентски собири
Со пораката „Студентите победуваат“ протестот на белградскиот плоштад „Славија“, кој го свикаа студентите, заврши околу 20 часот, а учесниците почнаа да заминуваат во колони, како што и дојдоа.
Протестот на белградскиот плоштад „Славија“, кој го свикаа студентите, заврши околу 20 часот со пораката „Студентите победуваат“, а учесниците почнаа да заминуваат во колони, како што и дојдоа, јавуваат српските медиуми.
Препорачано
На протестот се обратија десетина говорници од различни сфери на општеството – образование, медицина, земјоделство, производство, култура… Тие презентираа индивидуални идеи во која насока треба да се реформираат споменатите сегменти од општеството.
Организацијата Архиви на јавни собири денеска објави дека снимките укажуваат дека денешното собирање на плоштадот „Славија“ како протест против режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ, е „во ранг на најголемото студентско собирање досега“.
Студентите кои го предводеа протестот под мотото „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“ се надеваат дека со денешниот масовен протест ќе ја обноват нивната кампања за да го принудат Вучиќ да распише предвремени избори. Српскиот претседател пред неколку дена рече дека изборите ќе се одржат во периодот од крајот на септември до средината на ноември.
„Проценката за толпата од над 100.000 луѓе е тешка и ние нема да ги објавиме податоците вечерва. Ја предупредуваме јавноста за очекуваните дезинформации и намалување на бројките од страна на полицијата и режимските медиуми“, изјави организацијата на социјалната мрежа „Икс“.
Snimci ukazuju da će današnji skup na Slaviji biti u rangu najvećih studentskih do sada. Procena mase preko 100k ljudi je zahtevna i podatke nećemo objavljivati večeras. Upozoravamo javnost na očekivane dezinformacije i umanjivanje brojki od strane policije i režimskih medija.
— Arhiv javnih skupova (@javniskupovi) May 23, 2026
Денеска на „Славија“ се одржува студентски протест, кој започна со собири во 13 и 14 часот на четири локации во Белград, по што студентите и граѓаните дојдоа вво 18 часот на плоштадот во колони.
Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ изјави дека 34.300 граѓани се собрале на денешниот студентски протест во Славија, додавајќи дека засега сè се одвива без поголеми инциденти и дека собирот е навремено пријавен во полицијата, што овозможило подготовки за безбедно одржување на собирот.
„МУП даде проценка дека присутни биле околу 34.300 граѓани. Од утрово го следиме пристигнувањето на јавниот собир, имајќи предвид дека голем број граѓани тргнале од голем број места во Србија и дека проценките што ги даваме се многу прецизни и објективни“, изјави Васиљевиќ.
Тој тврди дека има и големо флуктуирање на граѓаните, бидејќи станува збор за многу прометно подрачје, односно има граѓани кои поминуваат бидејќи сообраќајот е затворен.
Koliko lep snimak plače mi se 🥹❤️🦾 #studentipobedjuju pic.twitter.com/ueZQxtpsj9
— ᗰᑌKIᑕᗩ ♛ (@mukica8) May 23, 2026
ВИДЕО | Реки од илјадници луѓе во Белград на големиот протест против Вучиќ


