ВИДЕО: Црвена звезда намали на 2:1 против Партизан во финалето на АБА лигата

фото: ABA League j.t.d./Emilija Jovanovic

Кошаркарите на Црвена звезда го победија Партизан во третиот натпревар од финалето на АБА лигата со резултат 91:78.

На тој начин „црвено-белите“ намалија на 2:1 се изборија за четврти меч во серијата која се игра на три победи.

Најефикасни кај победниците беа Недовиќ со 19, и Митровиќ и Петрушев со по 16 поени, а кај „црно-белите“ се истакнаа Ексум со 16 и Мадар со 15 коша.

Црвена звезда со оваа победа воедно си го заслужи правото уште еднаш да бидат домаќин.

А следниот дуел исто така ќе се игра во салата „Александар Николиќ“, во вторник од 19.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот