ВИДЕО: Црна Гора не успеа да слави и против Холандија на ЕП

Црногорците не ја оправдаа фаворитската улога против „лалињата“/Будимпешта, Унгарија/22 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Црногорската репрезентација на Европското првенство во вториот натпревар од главната фаза загуби од Холандија со 34:30.

Пред овој меч Црногорците беа фаворити, после триумфот над Хрватска, но „лалињата“ не дозволија да бидат поразени.

Ова беше прва радост за Холанѓаните во втората фаза, иако нивните ривали константно водеа со два или три голови разлика.

Во победничките редови најефикасен беше Смитс со девет голови, а по шест имаат Штајнс и Фалке.

На спротивната страна по шест погодоци се истакнаа Чепиќ и Вујовиќ. На табелата во групата „1“ Франција и Данска имаат по четири бодови, по два Исланд, Холандија и Црна Гора, а ниту еден Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот