ВИДЕО | „Critics’ Choice“ 2023: Брендан Фрејзер избран за најдобар актер во жестока конкуренција со Том Круз

Фото: Profimedia

Канадско – американскиот актер Брендан Фрејзер, успеа во жестока конкуренција да го победи „стариот познаник“ и колега Том Круз (Top Gun: Maverick) и да ја освои наградата за најдобар актер во филмот „The Whale“ на 28-то доделување на наградите „Critics Choice“, кое се одржа синоќа во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Critics Choice (@criticschoice)

Станува збор за наградите за најдобри филмски остварувања кои ги доделува Американско-канадското здружение на критичари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Critics Choice (@criticschoice)


Покрај старите познаници Круз и Фрејзер, во конкуренција за најдобар актер беа и Остин Батлер за улогата во филмот „Elvis“, Колин Фарел за улогата во филмот „The Banshees of Inisherin“, Пол Мескал за улогата во филмот „Aftersun“ и Бал Нај за неговата улога во филмот „Living“.

По приемот на наградата Брендан ја продолжи серијата емотивни говори во Лос Анџелес, како оној на филмскиот фестивал во Венеција кога неможеше да ги задржи солзите по шестминутните овации од публиката во салата.

„Херман Мелвил еднаш напиша дека во Америка има само пет критичари, останатите спијат. „Многу ми е мило што се разбудија за мене“, рече Фрејзер, а потоа се пошегува на своја сметка.

„Каде бевте кога пред 13 години требаше да добијам награда за филмот „Крзнена одмазда“? – рече актерот .

Повеќе на темата:

„Critics’ Choice“ 2023: „Everything Everywhere All at Once“ прогласен за најдобар филм на годинашните награди

Тони Матичевски повторно го облече Холивуд: Славната комичарка блесна во портокалова креација

Златен глобус 2023: „The Banshees of Inisherin“ и „The Fablemans“ со блескава победа на годинашните филмски награди

Модата на Златен глобус: Марго Роби синоним за елеганција, Хајди Клум разочара со кичеста креација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот