ФОТО | Тони Матичевски повторно го облече Холивуд: Славната комичарка блесна во портокалова креација

Фото: Инстаграм

Во хотелот „Фермонт сентери плаза“ во Лос Анџелес синоќа беа доделени наградите Critics’ Choice Awards. Ова е 28. издание на ова доделување, а водителка беше комичарката и актерка Челси Хендлер, откако  последните четири години домаќин беше актерот Таје Дигс. Номинациите ги предводеа филмовите „Everything Everywhere All At Once“ со 14 номинации и серијата „Abbott Elementary“ со шест номинации, а двете остварувања славеа во главните категории – за најдобар филм и најдобра хумористична серија.

Инаку, и црвениот тепих беше возбудлив. Десетина актерки се појавија во еднобојни жолти фустани, Кејт Бланшет и Ејми Бренеман се појавија во комбинација со макси здолниште и кошула, а голем број актерки, вклучувајќи ги Ања Тејлор-Џој и Лили Џејмс, прошетаа во проѕирни фустани. Една од најдобро облечените беше актерката Мишел Јео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by De Quem é o Look (@dequemeolook)


Големо внимание привлече и креацијата на водителката на свечената церемонија, Челси Хендлер, која облече креација на австралискиот дизајнер со македонски корени Тони Матичевски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsea Handler (@chelseahandler)

Интересната портокалова тоалета со горен асиметричен крој секако беше освежување на црвениот тепих. Едноставна и минималистичка, а истовремено со необичен крој.


Тони Матичевски освен Челзи Хендлер, е омилен креатор и на светските ѕвезди Ева Лонгорија, Кристин Стјуарт, Ким Кардашијан, Џенифер Лопез, Пенелопе Круз, принцезата Дина АбдулазизХајди КлумБијонсеЏејми Кинг и многу други.

ФОТО | Ева Лонгорија блеска во креација од дизајнерот со македонско потекло, Тони Матичевски

ФОТО | Светско, а наше: Кристен Стјуарт облече креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот