ФОТО | Светско, а наше: Кристен Стјуарт облече креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски

Кристен Стјуарт Тони Матичевски
Актерката Кристен Стјуарт во креација на Тони Матичевски / Фото: Инстаграм, Тони Матичевски

Актерката Кристен Стјуарт неодамна присуствуваше на забавата која ја организираше „Hollywood Reporter“, a на која беа поканети сите актери и филмски работници кои се номинирани за годинашните филмски награди Оскар.

На настанот, таа се појави во едноставна модна комбинација – дводелен комплет во бела боја кој е креација на австралискиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски.

Матичевски е еден од најпознатите дизајнери во Австралија, а негови креации досега носеа Џенифер Лопез, принцезата Дина Абдулазиз, Хајди Клум, Бијонсе, Џејми Кинг, Пенелопе Круз и многу други.

Навистина – светско, а наше!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TONI MATICEVSKI (@toni_maticevski)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот