ФОТО | Ева Лонгорија блеска во креација од дизајнерот со македонско потекло, Тони Матичевски

Ева Лонгорија/Инстаграм
Ева Лонгорија/Инстаграм

Актерката Ева Лонгорија на промоцијата на својот нов подкаст каде што разговара со експерти за духовноста, парите, романтиката и родителството, се појави во креција на модниот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски.

За време на пандемијата, таа сфати дека сака повторно да се поврзе со работите што ѝ се важни, па оттука и името на подкастот, „Поврзувања со Ева Лонгорија“.

Во црна креација која ги открива совршено извајаните нозе од колекцијата на Матичевски Resort 2022, Ева покажа дека и на 47 години изгледа поубаво од кога и да е.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TONI MATICEVSKI (@toni_maticevski)

Со два длабоки шлицови, оваа креација е ласкава за сите жени чии нозе им се главен адут.

Тони Матичевски освен Ева Лонгорија, ги има „облечено“ и светските ѕвезди Кристин Стјуарт, Џенифер Лопез, но и Пенелопе Круз.

Самиот има изјавено дека инспирацијата за своите креации ја црпи од своите корени и дека Балканот како поднебје е за жал многу затворен за нови и авангардни дизајнери. Тој живее и работи во Австралија и е светски етаблиран, а неговите креации се барани и во Холивуд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TONI MATICEVSKI (@toni_maticevski)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TONI MATICEVSKI (@toni_maticevski)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот