ВИДЕО | Честитка и од Мас: Во текот на овие три децении, вашата земја постигна големи достигнувања

Хајко Мас / Фото: Скриншот (Германска амбасада Скопје)

Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември.

– Упатувам честитки до граѓаните на Северна Македонија по повод 30 години независност! Во текот на тие три децении, вашата земја постигна големи достигнувања:

  • Охридскиот рамковен договор ја претвори Северна Македонија во мирно мултиетничко општество.
  • Со Преспанскиот договор поставивте модел за помирување за Вашиот регион и надвор од него.
  • Врз основа на овој пробив, Вашата земја се приклучи кон НАТО и го започна својот пат кон европската интеграција.
  • И во 2023 година, ќе преземете понатамошна меѓународна одговорност со претседавањето со ОБСЕ.

Драго ми е што Северна Македонија и Германија беа блиски пријатели и партнери уште од самиот почеток. Денес, нашите народи и нашите економии се тесно поврзани. И Германија останува цврст поддржувач на Вашиот пат кон членството во Европската Унија. Ние силно го поддржуваме словенечкото претседателство да започнат пристапните преговори со Северна Македонија, што е можно поскоро. Затоа што сме убедени: Иднината на сите шест земји од Западен Балкан лежи во Европската Унија.

Драги пријатели, во текот на последните 30 години, вашата земја го следеше патот на разумот, компромисот и – европскиот пат. Ве охрабрувам да продолжите по тој пат – Германија е подготвена да чекори со вас, вели Мас во видеопораката до македонскиот народ.

Бајден со честитка по повод 8 Септември: САД остануваат непоколебливи поддржувачи на Северна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот