Бајден со честитка по повод 8 Септември: САД остануваат непоколебливи поддржувачи на Северна Македонија

Со гордост ве поздравивме како 30. сојузник на НАТО, и со нетрпение очекуваме да ве видиме и во ЕУ. САД остануваат непоколебливи поддржувачи на Северна Македонија, порачува меѓу другото американскиот претседател Џо Бајден во честитката до претседателот Стево Пендаровски по повод Денот на независноста Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември.

– Во име на американскиот народ, го честитам денот на независноста на Северна Македонија. Одбележувајќи ја оваа прилика, ние исто така ја одбележуваме 25-годишнината од нашите дипломатски односи и силното пријателство меѓу нашите две нации. Нашите земји ги обединуваат семејните и историските врски, како и нашите заеднички демократски вредности и посветеност на човековите права. Нашето партнерство ќе продолжи да им користи на нашите народи во годините што доаѓаат.

Со гордост ја поздравивме Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО минатата година, признавајќи дека Вашата земја даде витален придонес за безбедноста и стабилноста на регионот долго пред таа да се приклучи на Алијансата. Ви благодариме што оваа година бевте домаќин на мултинационалната вежба „Решителен удар 21″ во Центарот за воена обука „Криволак” и што повторно ги покажавте водечките капацитети и подготвеноста на Северна Македонија.

Како што Вашата земја продолжува да напредува – зголемување на просперитетот за сите Ваши граѓани, подобрување на владеењето на правото, зајакнување на Вашите демократски институции – САД остануваат Ваши силни и непоколебливи поддржувачи.

Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Северна Македонија на патот на спроведувањето на реформите што ќе ја обезбедат европската иднина на Вашата земја, вклучително и пристапувањето во Европската Унија.

Ви посакувам безбеден и среќен Ден на независноста и Ви благодарам за Вашето долгогодишно пријателство, пишува во честитката претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден до претседателот на Република Северна Македонија Стевопендаровски, по повод Денот на независноста на – 8 Септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот