Ова е програмата за прославата на Денот на независноста – 8 Септември

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Од Владата на Република Северна Македонија известуваат дека утре, 8 септември 2021 година (среда), по повод 30-годишнината од независноста на нашата држава ќе се одржат серија манифестации по следниов редослед:

1. Од 8.00 часот по повод 8 Септември – Денот на независноста премиерот Зоран Заев на гробиштата „Бутел“ на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Борис Трајковски и Киро Глигоров ќе положи цвеќе и ќе оддаде почит.

Присутни на настанот ќе бидат и Артан Груби, прв заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Љупчо Николовски, заменик-претседател на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции и Мила Царовска, министерка за образование и наука. Ќе бидат присутни и многу други делегации, амбасади и политички партии.

2. Од 12.00 – премиерот Зоран Заев ќе присуствува на свеченост по повод доделување Орден „8 Септември“ на Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, и на пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година. (Кабинет на Претседателот на Република Северна Македонија).

3. Од 17.00 часот – Централна манифестација пред Собранието на Република Северна Македонија, чие сценарио заедно со поканата за присуство на граѓаните (кои треба да се регистрираат во електронскиот формулар) се наоѓаат на следниов линк: https://vlada.mk/node/26432

Пренос во живо од настаните ќе има на Националната телевизија како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот