ВИДЕО: Челси подобар од Борнмут на „Стемфорд бриџ“

фото: EPA-EFE/Vince Mignott

Фудбалерите на Челси на домашен терен го совладаа тимот на Борнмут со резултат 2:0 во 17 коло од Премиер лигата.

Головите за лондонските „сини“ ги постигнаа Каи Хаверц во 16 минута и Мејсон Маунт во 24 минута.

Челси стигна до првата победа во Премиер лигата по повеќе од два месеци. Паузата во англиското првенство траеше од 12 ноември поради натпреварите на Светското првенство што се играа во Катар.

Последната победа на Челси, пред оваа, во Премиер лигата ја имаше на 16 октомври на гостувањето кај Астон Вила, а потоа двапати ремизираше и запиша три порази.

Премиер лига, 17 коло

Понеделник:

Брентфорд – Тотенхем 2:2 (1:0)
Кристал палас – Фулам 0:3 (0:1)
Евертон – Вулверхемтон 1:2 (1:1)
Лестер – Њукасл 0:3 (0:3)
Саутемптон – Брајтон 1:3 (0:2)
Астон Вила – Ливерпул 1:3 (0:2)
Арсенал – Вест Хем 3:1 (0:1)

Вторник:

Челси – Борнмут 2:0 (2:0)
Манчестер јунајтед – Нотингем форест 21.00 часот

Среда:

Лидс – Манчестер сити 21.00 часот

Табела:

1. Арсенал 40 бодови
2. Њукасл 33
3. Манчестер сити 32
4. Тотенхем 30
5. Манчестер јунајтед 26
6. Ливерпул 25
7. Брајтон 24
8. Челси 24
9. Фулам 22
10. Брентфорд 20
11. Кристал палас 19
12. Астон Вила 18
13. Лестер 17
14. Борнмут 16
15. Лидс 15
16. Вест хем 14
17. Евертон 14
18. Вулверхемптон 13
19. Нотингем форест 13
20. Саутемптон 12

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот