ВИДЕО: Челси на врвот, играчите на Лампард без проблеми со Њукасл!

Фото: EPA-EFE/Lindsey Parnaby/POOL

Фудбалерите на Челси го совладаа Њукасл во првиот натпревар од деветтото коло во англиската Премиер лига со 2:0 и така барем на кратко избија на првото место на табелата.

Првиот гол беше постигнат во 10 минута, одбранбениот играч на домаќините Федерико Фернандез не реагираше најдобро на петерецот и ја испрати топката во сопствената мрежа.

Проблем за менаџерот Стив Брус беше повредата на капитенот Ласелс кој беше заменет од Шар на стартот од вториот дел.

Конечниот епилог беше поставен во 65 минута, еден одличен контранапад започна брзиот Вернер кој се ослободи од двајца противнички играчи, па асистираше до Теми Абрахам за негов трет погодок сезонава.

Во генералниот пласман водат лондонските „сини“ со 18 бодови, колку што има и второпласираниот Лестер кој својот меч ќе го има в недела кај четвртопласираниот Ливерпул (17). На третата позиција е Тотенхем со 17 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот