ВИДЕО | Бурата Бајрон урива куќи во Газа: Најмалку 14 луѓе го загубија животот, три деца починаа од студ
Голем број куќи, ѕидови и шатори се урнале во Појасот Газа откако бурата Бајрон се спушти врз енклавата, при што во изминатиот ден загинале најмалку 14 луѓе, објави „Ал Џазира“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Меѓу загинатите се и три деца кои починале од хипотермија.
Исцрпените Палестинци имале малку или речиси ништо со што можеле да се подготват за катастрофалните временски услови, изјави дописникот на „Ал Џезира“, Хани Махмуд, известувајќи од градот Газа.
– За илјадници раселени семејства овде, зимата е дополнително страдање. Шаторите се уриваат; студот е неподнослив. Во суштина, тие немаат каде да одат. Она што се одвива е разорно. Ова не е само бура; тоа е нов бран на раселување, дури и откако војната заврши. Многумина овде ми рекоа дека по овие поплави, всушност, започнала нова војна, и дека луѓето се принудени да бегаат од и онака кревките засолништа што ги имаа. Овој пат, поради страв и поради можноста од давење. Тие се дават во тага, минувајќи низ толку многу пречки и сурови услови – објаснува дописникот на „Ал Џазира“, Ибрахим ал-Калили, за моменталната ситуација во Газа.
ВИДЕО | Бурата Бајрон го погоди Израел: Најмалку еден загинат, поплави низ целата земја


