ВИДЕО: Букер и Мичел немаа милост за Чикаго и Њујорк

Девин Букер /Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Најдобриот тим во НБА лигата, Феникс санс, благодарение на Девин Букер славеше над Чикаго булс со 127:124 во дербито на вечерта.

„Сонцата“ беа фантастични во првото полувреме кое го добија со 18 поени разлика, но кошаркарите на Чикаго со добра игра во последната четвртина успеаја да се изборат за минимален пораз.
Брилјираше Девин Букер кој постигна 38 поени, а имаше и 5 асистенции. Одличен беше и Крис Пол со 19 поени и 11 асистенции, додека Џавал Мекги даде 16 поени. Кај Чикаго најдобри беа Демар Дерозан со 38 поени и Зек Лавин кој даде 32 поени.

Њујорк никс немаше никакви шанси против расположениот Донован Мичел кој ја предводеше Јута до победа од 113:104. Најдобриот играч на Јута, натпреварот го заврши си 32 поени, 7 скокови и 6 асистенции во вториот натпревар по враќањето од повредата.
Добра партија прикажаа и Бојан Богдановиќ со 20 и Мајк Конли со 18 поени.
Кај Њујорк, најдобар беше Џулиус Рендл со 30 постигнати поени.


Резултати:
Шарлот – Торонто 101:116
Вашингтон – Мајами 100:121
Чикаго – Феникс 124:127
Оклахома сити – Голден Стејт 98:110
Јута –Њујорк 113:104

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот