ВИДЕО | Бугарски автотркач со своја анализа за несреќата: Се обидов да се ставам на местото на возачот

Бугарскиот автотркач Димитар Илие
Бугарскиот автотркач Димитар Илиев/ Фото BNT

Бугарската национална телевизија БНТ објави снимка на автомобилскиот тркач Димитар Илиев, кој направи сопствена анализа за трагичната автобуска несреќа на автопатот „Струма“.

Како човек кој со години се интересира за безбедноста на патиштата, автомобилскиот тркач Димитар Илиев се обиде да се стави на местото на возачот на македонскиот автобус, се вели во прилогот.

„Се акумулираа многу фактори. Го видов без да отидам на местото на несреќата, само на интернет“, изјави тој во студиото на „Денот започнува“ на БНТ.

Илиев алудира на големиот број проблеми кои не смеат да се одложуваат и тврди дека алармирал уште во 2019 година – „тоа се места каде што редовно се случуваат сериозни инциденти, често со жртви“ вели тој.

Според него, тоа се замки во кои секој може да биде измамен и да дојде во сообраќајна несреќа.

Целото видео од говорот на Илиев може да го погледнете ОВДЕ.

ФОТО+ВИДЕО | ВО ЖИВО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот