ВИДЕО: Брутален „дабл-дабл“ на Јанис, Вашингтон славеше во дербито на Истокот

Неверојатна партија на Јанис Адетокумпо/ фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Актуелниот НБА шампион, екипата на Милвоки доцна синоќа славеше на домашен терен против Орландо со резултат 117:108.

Незапирлив во редовите на Бакси беше грчкиот интернационалец Јанис Антетокумпо кој запиша „дабл-дабл“ учинок од 32 поени и дури 20 скокови (пет асистенции, три блокади). Доминираше и Боби Портис со 24 поени (15 скокови), а на спротивната страна за „магичните“ Р.Џ. Хемптон постигна 19 поени (девет асистенции).

Вашингтон и Мајами кои моментно се во Топ 5 најдобри во Источната конференција, играа и пред два дена кога „жешките“ славеа пред своите навивачи.

Сега Визардси како домаќини се реваншираа (103:100), иако имаше шест загубени топки и лош процент за три поени (1-7), Бредли Бил беше прв стрелец со 21 поен за Вашингтон, додаде и девет асистенции.

Кај Мајами Џими Батлер реализираше 29 поени (11-19 шут од игра), запиша уште пет скокови и четири асистенции.

НБА лига, резултати –

Индијана – Њу Орлеанс 111:94
Вашингтон – Мајами 103:100
Атланта – Шарлот 115:105
Бостон – Оклахома 111:105
Милвоки – Орландо 117:108
Минесота – Мемфис 138:95
Портланд – Филаделфија 118:111
Сакраменто – Јута 105:132
Њујорк – Хјустон 106:99

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот