ВИДЕО | Британец ги скара Балканците: На сестра си ѝ даде да проба бурек, па предизвика хаос во коментарите

Фото: Принтскрин/Тик-ток/ TUGS_WARD

Англиски тиктокер кој сакал да ја сними реакцијата на својата сестра за омиленото јадење на Балканците, бурекот, направил вистински хаос со својата објава бидејќи, како и секогашм се покрена полемика за тоа што е бурек и со што е направен.

Тагс Вард, како што се вика момчето од Англија кој живее во Хрватска, неодамна објави видео кое предизвика големо внимание во регионот, а најмногу коментари пристигнаа од БиХ, што е и разбирливо бидејќи за разлика од другите народи на поранешна СФРЈ, Босанците се многу стриктни околу поделбата на бурек, пита и вртена пита со сирење.

А сè започнало од едноставно тестирање на сестра му со намера да дознае како ѝ се допаѓа бурек со сирење.

– Сестра ми од Англија првпат проба бурек со сирење. Ајде.

По првиот залак, девојката од видеото џвакајќи рекла само два збора.

– Хм, убаво.

Бидејќи овој краток одговор не го задоволил, тој ја прашал да го оцени со бројки.

– Оцени го од 1 до 10.

Мислејќи дека нејзиниот одговор ќе ги налути Балканците, Тагс ја предупредил за тоа.

– Шест.

– Шест? Луѓето ќе бидат лути.

Меѓутоа, проблемот не била оценката, туку фактот што бурекот што го пробала девојката бил со сирење, односно сирница.

Коментарите што следеле биле очекувани, кога бурекот ќе стане „точка на раздор“.

„Бурек е со месо“, „Ова е сирница. И главно се купува во мали пекарници, а не во продавници. И со него се пие и јогурт, се разбира“, „Брате, бурек е со месо и јогурт“, „Британци и храна. Вие јадете грав за појадок. Оди во Англија и јади ја својата „џанк фуд“, „Оние од Босна оставаат коментари. Овој бурек е купен на хрватска територија. Кај вас нема бурек со сирење, но кај нас понапредните народи има“, биле само дел од коментарите под снимката.

 

@tugs_ward Sister trying Burek for the first time…. Hard one to please #croatia #hrvatska #croatiantiktok #burek ♬ original sound – Tugs Ward

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот