ВИДЕО: Брегалница загадена со непозната течност, рибари обвинуваат млекарница од Делчево

Испуштање на непозната течност во реката / фото: СРД Брегалница Делчево

Спортски риболовци од Делчево алармираат за загадување на реката Брегалница, откако јавно споделија снимка на која се гледа истекување на бела течност во близина на најголемата река во источниот дел од земјава.

Во изјава за МИА тие велат дека цевката со непозната течност излегува од ладилник кој е сопственост на делчевска млекарница.

-Денеска во близина на ладилникот во Делчево од цевка на млекарата забележано е истекување непозната бела течност која директно се влева во реката. За случајот запознаен е инспекторот за животна средина во Делчево, велат риболовците.

Делчевска млекарница негира дека ја загадува реката.

-Млечна индустрија – Делчево, ги отфла наводните обвинувања за „испуштање” непозната бела течност која директно се влева во реката. Нашата компанија постојано е на удар и закани од ова друштво СРД „Брегалница”, кое постојано се труди да ја наруши нашата репутација. Млечна индустрија – Делчево, работи согласно сите законски обврски и барања. Досега правдата сме ја побарале на суд, за кое имаме и решение од судот дека не сме олицетворение на нивните обвинувања, но изгледа ова друштво функционира вон сите национални и европски регулативи, и ќе ги повикаме надлежните инспектори да направат ревизија на нивното работење, велат од Млечната индустрија – Делчево.

Од општинскиот инспекторат дополнија дека Млекарата има обврска периодично да врши „чистење” на својот таложник, обврска која досега доследно ја почитувале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот