ВИДЕО: Босанскиот „дијамант“ Џеко ја урна Аталанта за пресврт на Интер

Един Џеко двоен стрелец во победата на Интер против Аталанта/фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Един Џеко со два гола беше еден од најзаслужните за денешната победа на Интер против Аталанта (2:3) во рамките од 15 коло во Серија А.

Напаѓачот од Босна и Херцеговина прво атрактивно погоди за 1:1 во 36 минута, откако претходно во 25-та водство за домаќините донесе Адемола Лукман.

Џеко повторно се најде во центарот на вниманието во 56 минута кога го запиша својот деветти гол сезонава (шести во првенството) за целосен пресврт.

Шест минути подоцна Хозе Луис Паломино ја затресе сопствената мрежа и така се зголеми предноста на миланските „нераѕури“, а истиот играч во 77 минута го постави конечниот епилог на средбата.

Интер дојде до 10 победа сезонава во шампионатот и сега е наа четвртото место на табелата со 30 боови, додека за клубот од Бергамо ова е четврти пораз, трет по ред, за моментно шесто место со 27 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот