ВИДЕО | Боно Вокс одржа концерт во метро во Киев: Со него пееја и украински војници

боно вокс
Фото: Принтскрин/Јутјуб

Легендарниот пејач Боно Вокс одржа концерт на метро станицата Хрешчатик во Киев, среде руската инвазија на Украина. Боно настапуваше со својот бенд „ЈуТу“.

Тие ги изведоа култните хитови „With or Without You“, „Angel Of Harlem“ и други, а публиката пееше со нив, заборавајќи на неколку минути на ужасите на војната и страдањата што ги доживуваат повеќе од два месеца.

„Се молиме наскоро да уживате мир“, рече Боно.

Во пеењето на Бон му се придружил и Тарас Топола, водачот на бендот „Антитила“, со кој ја изведе песната на Бен Е. Кинг „Stand By Me“.

Пристигнувањето на Боно во Украина беше ненајавено. Пред тоа, Боно веќе ги поддржуваше Украинците во војната што ја води Руската Федерација, па дури и посвети стих на Украина. Тој почна да ја изразува својата поддршка за Украина уште пред инвазијата.

Тогаш напиша дека Украина сега се бори против злото, за цел свет да биде слободен. Тој го нарече рускиот претседател Владимир Путин „психо“.

Своето пристигнување во Украина го најавија и други ѕвезди, како поддршка на луѓето кои се борат против руската инвазија.

ВИДЕО| Анџелина Џоли отишла во Украина

ВИДЕО | Анџелина Џоли итно евакуирана во засолниште при посетата на Лавов: Не се плашам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот