ВИДЕО | Анџелина Џоли итно евакуирана во засолниште при посетата на Лавов: Не се плашам

Анџелина Џоли го посети Лавов и бегалците евакиурани таму/Фото: Твитер

Холивудската актерка Анџелина Џоли денеска пристигна во Лавов.

На првото видео објавено денеска на Фејсбук можеше да се види актерката  како се смешка и им мавта на обожавателите додека нарачува кафе. Објавени се нејзините слики од железничката станица, каде разговарала со бегалци, посетила интернат и болница.

Локалниот градоначалник Максим Козицки рече дека ветила дека повторно ќе дојде.

Џоли ги посети повредените деца евакуирани од Доњецката област и сирачињата. Таа се сретна и со волонтери кои обезбедуваат медицинска и психолошка помош на Украинците кои се евакуирани од загрозените градови.

Џоли со години беше специјален пратеник на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР, но дојде во Лавов без посредство на ОН. Портпаролот на УНХЦР изјави дека ОН не биле вклучени во нејзината посета на Украина и дека таа отишла таму сама.

Тревога во Лавов

Анџелина Џоли мораше итно да биде однесена во засолниште за бомби додека се вклучија сирените за воздушни напади во Лавов.

Додека Џоли престојувала во Лавов, се огласиле сирените и актерката морала да замине во прифатилиштето. Објавена е снимка од нејзиното одење во засолниште, на кое некој ја прашува Анџелина дали се плаши. Таа рече – Не.

Лавов, во западна Украина, беше нападнат од руската војска во последните неколку недели, а најмалку седум лица беа убиени во ракетен напад врз градот на почетокот на април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот